Ќулавкова: МАНУ никогаш не била затворена институција врз основа на етничка припадност

од Milan1
12 прегледи

„МАНУ никогаш не била затворена институција за номинирање во звања академик врз основа на етничка припадност. Иницијативите за формирање некаква паралелна Академија на Албанците, ми се познати одамна и тие на тој начин сакаат да извршат некаков притисок за да се дојде до буџет и до прием на кадри од албанската заедница“, рече во гостување на ТВ24 академик Катица Ќулавкова.

Таа смета дека дури и тие самите се запознати кога се објавуваат конкурсите и ги следат и се пријавуват.

„Дури ние ги спуштаме нашите критериуми кога се именуваат академици од останатите етнички заедници“, вели академик Ќулавкова.

Таа апелира да не се прави и да не се дозволи да се прави анимозитет по етничка и по политичка основа.

Слични содржини