(ВИДЕО) Израелски навивач: Паднав на земја, а десет луѓе ме клоцаа

од Milan1
21 прегледи

Ади Рубен, 24-годишен навивач на Макаби од Тел Авив, тврди дека бил нападнат од група млади луѓе.

„Синоќа излеговме од метрото и се упативме кон хотелот „Моцарт“, каде што сме сместени. Повеќе од 10 мажи кои личеа на Арапи или Турци само дојдоа до мене и моите пријатели и не прашаа „од каде сте“. Тие извикуваа „Евреи, Евреи, ИД, ИД“, рече тој.

„Сфатив дека морам да бегам, но беше темно и не знаев каде да одам. Паднав на земја и десет луѓе ме клоцаа. Тие извикуваа „Палестина“. Ме тепаа на земја околу една минута, потоа заминаа, сфатив дека крварам и дека ми е скршен носот“, додаде тој.

„Одам со израелскиот авион кој дојде да не спаси и ќе добијам лекарска помош дома. Тоа беше прецизен напад кој беше организиран однапред“, убеден е тој.

Слични содржини