Орбан: САД предводени од Трамп, ќе го „напуштат“ конфликтот во Украина

од Milan1
16 прегледи

Соединетите Американски Држави, кога ќе бидат предводени од Доналд Трамп, ќе го „напуштат“ конфликтот во Украина, а Европа сама не може да го финансира Киев во оваа војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Американците ќе ја напуштат оваа војна, прво нема да го поттикнуваат конфликтот“, изјави Орбан за државното радио пред продолжението на неформалниот самит на лидерите на ЕУ во Будимпешта, пренесува Ројтерс.

Oрбан додаде дека Европа не може сама да ја финансира Украина и покрај тоа што, како што наведе, „некои сè уште сакаат да продолжат да испраќаат огромни суми пари за оваа изгубена војна“.

Орбан додаде дека има и „такви кои молчат“ и дека „се зголемува бројот на оние кои претпазливо велат дека треба да се прилагодат на новонастанатата ситуација“.

Слични содржини