🎥Поради експлицитни сцени со маж, Турција го забрани прикажувањето на новиот филм на Даниел Крег

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Филмот „Квир“ со Даниел Крег во главната улога доби забрана за прикажување во Турција.

Како што пишува „Гардијан“, турските власти од областа Кадикој го забранија прикажувањето на најновиот филм на познатиот режисер Лука Гвадањин, бидејќи го сметаат за премногу провокативен и сметаат дека ќе доведе до нарушување на јавниот мир. Имено, филмот изобилува со експлицитни секс сцени меѓу двајца мажи, а една од темите е и зависноста од дрога.

Забраната дојде од „безбедносни причини“, како што рекоа властите на платформата за стриминг и дистрибутер „Муби“.

Сепак, оваа одлука не беше без последици. Бидејќи „Квир“ требаше да го отвори Филмскиот фестивал во Истанбул, компанијата „Муби“, која е и организатор на фестивалот, на само неколку часа пред отворањето реши да го откаже четиридневниот фестивал, што е невиден скандал.

– Фестивалите се оази кои ги зближуваат луѓето и ја слават уметноста и културната различност. Оваа забрана за прикажување влијае не само на еден филм, туку и на значењето и целта на целиот фестивал – велат од компанијата „Муби“.

Филмот „Квир“ ја имаше светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција во септември годинава. Наиде на овации и ги воодушеви критичарите. Во кината ширум светот ќе пристигне на 27 ноември.

Слични содржини