Уште едно препукување меѓу Илон Маск и неговата трансродова ќерка: „Валкан мал изрод“

од Vladimir Zorba
437 прегледи

Трансродовата ќерка на Илон Маск, Вивијан Џена Вилсон (20) на социјалната мрежа Threads напиша дека повеќе не ја гледа својата иднина во САД откако Доналд Трамп победи на изборите.

Се чини дека токму тоа го поттикна нејзиниот татко повторно да реагира на Х, каде по којзнае кој пат нагласи дека „woke“ вирусот му го убил синот“.

Вивијан исто така одговори на неговата објава, повторно на Threads.

„Значи уште зборуваш за тоа како „Тешко мене, моето дете е „заразено“ со нешто и затоа ме мразиш. На крајот на денот, сите околу тебе те знаат како заблуден и валкан мал изрод опседнат со контрола, кој не созреал како личност 38 години“, возврати неговата ќерка, објаснувајќи дека причината што Маск конкретно одговорил на нејзината објава за напуштање на земјата е всушност поради тоа што е лут дека тој нема моќ над неа.

Инаку, познато е дека милијардерот му дава целосна поддршка на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, чии републикански ставови се прилично спротивставени со ставовите на либералната Америка, чии интереси ги застапуваат демократите, кои загубија на овие избори.

Слични содржини