Полска ќе им понуди на НАТО и САД проширување на „противракетниот штит“

од Milan1
29 прегледи

Полска ќе преговара со САД и НАТО за проширување на областа на примена на „противракетниот штит“ на Северноатлантскиот сојуз, изјави вицепремиерот и министер за национална одбрана, Владислав Косињак-Камиш.

– Според мене, треба да го прошириме опсегот на противракетниот штит и за тоа секако ќе разговараме со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и со нашите партнери од САД, нагласи Косињак-Камиш во врска со плановите за отворање на американска база за противракетна одбрана на 13 ноември во Реџиково во северниот дел на Полска, јави „ТВН24“.

Тој нагласи дека Полската народна партија (ПСЛ) мора да одигра важна улога во овие разговори поради нејзините добри контакти и со демократите и со републиканците.

Слични содржини