Дали паѓа светскиот рекорд: Реал доби понуда од 250 милиони евра

од Nikola Popovski
309 прегледи

Ќе го добиеме ли најголемиот трансфер на сите времиња? По фамозната бројка за Нејмар (222 милиони евра), се чини дека слично сценарио би можело да се случи уште еднаш.

Пари Сен Жермен повторно би можел да „потроши“ цело богатство на играч кој игра во Примера. Минатиот пат беше ѕвездата на Барселона, а сега е ѕвезда на Реал. Според некои фудбалски фанови, Винисиус Јуниор требаше да ја освои „Златната топка“, но сега буквално можеше да добие злато.

Како што пренесува шпански „Фихајес“, Реал добил понуда од 250 милиони евра за Винисиус, на кој гледаат можност за своевидна одмазда. Тој е совршена замена за Килијан Мбапе, кој претходното лето пристигна во Реал од ПСЖ.

Винисиус никогаш не покажал дека би сакал да го напушти клубот, иако постојано се зборува за тоа. За Винисиус е заинтересиран Челзи, но финансиски не може да парира на оваа понуда. Во текот на летото се пишуваше дека Винисиус добил понуда од близу една милијарда евра од Саудиска Арабија (за петгодишен договор), а Реал добил понуда од 300 милиони. Сепак, ништо не излезе од тоа.

Наводно, Флорентино Перез не сака да се откаже од услугите на Бразилецот додека не му истече договорот во 2027 година. Дотогаш сака да го гледа во Мадрид.

Слични содржини