Во предвечерието на 13 Ноември, ќе кажам дека тоа е печат на нашата историја, сведоштво на храброста и на решителноста на нашиот народ да се бори за слобода и достоинство. На овој ден, Скопје извојува своја победа и таа победа е наша колективна гордост, наша заедничка инспирација“, рече премиерот Христијан Мицкоски вечерва по повод утрешниот Ден на ослободувањето на Скопје.
„Слободата која денес ја живееме, неодминливо беше платена со жртви и човечки страдања, и ние таа ја извојувавме со сопствени сили и наспроти тенденцијата за прекројување на историските читанки и читањето на историјата во зависност од поединечните интереси, вистината е само една, единствена и неделива. Немаше администратори, туку окупатори, и таа историска борба не беше против одредени народи, ниту против одредени држави, туку против фашистички режим кој беше поразен од Европа и слободарските народи, меѓу кој беше и македонскиот“, рече во говорот Мицкоски.
Тој додаде дека денес, кога ја чествуваме слободата на Скопје, ја чествуваме и нашата одговорност кон иднината.