Унгарските медиуми објавија видео на кое лидерот на опозицијата Петер Маѓар ги навредува своите приврзаници. Унгарецот и неговата опозициска партија Тиса тврдат дека снимката била незаконски добиена и со неа било манипулирано.
На објавеното видео се слуша како Петер Маѓар и неговата поранешна партнерка Евелин Фогел разговараат за време на еден од протестите. Во видеото, тој се жали дека луѓето смрдат и се шегува дека луѓето чии внуци заминале во странство, едноставно може да купат нови.
„Снимката е изманипулирана, ме уценуваше поранешната девојка“
Унгарецот подоцна изјавил дека снимката била сечена и лепена и дека на неа има реченица која не ја кажал, но не прецизирал за која реченица станува збор.
Претседателот на партијата Тиса тврди дека неговата поранешна партнерка Евелин Фогел снимила 11 часа разговори со него и барала 30 милиони форинти (околу 73.000 евра) за да не ги користи снимките против него.
#magyarhang #kérdés 👉 https://t.co/fBJV9qy6QT
Kérdés, a nemzetbiztonsági bizottságnak van-e dolga Magyar Péter állításaival. Egyelőre az Országgyűlés nemzetbiztonsági bizottságának elnöke is vizsgálódik és tájékozódik, hogy van-e dolga az általa vezetett testületnek Magyar Péter… pic.twitter.com/DVdpxOAtzt— Magyar Hang 🇭🇺 (@MagyarHang) November 12, 2024
На видеото е прикажан разговор меѓу Маѓар и Фогел на еден од последните протести во Будимпешта. Тој употребувајќи вулгарен јазик се жали дека за време на протестот се потел на 40 степени.
„Што по ѓаволите правам овде“, рекол тој.
Маѓар рекол и дека народот смрди, а уште полошо мирисало од устата. Тој и на шега ѝ порачал на тогашната партнерка дека таа е единствената која не го цени.
Маѓар спомнува и извесен Марк, за кого вели, наместо да дојде, „пишува глупости“. Не е јасно кој е Марк, но заменик-претседателот на партијата се вика Марк Раднаи.