Мистерија: Дешан лажел за Мбапе?

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Луѓе блиски до Килијан Мбапе веруваат дека селекторот на француската репрезентација Дидие Дешан лажел кога рекол дека не испратил повик за напаѓачот на Реал Мадрид.

Ѕвездата на европскиот клупски шампион го нема во составот на „петлите“ за натпреварите во ноември од Лигата на нации.

„Одлуката беше моја, Килијан сакаше да дојде. Ова нема никаква врска со работи надвор од фудбалот“, коментираше Дешан, цитиран од медиумите во Франција.

Сепак, извор близок до Мбапе даде друга верзија на случувањата за весникот Екип: „Ова е лажна или нецелосна информација. Сè е многу покомплицирано. Да ги натерате луѓето да веруваат дека тоа е одлука на тренерот е погрешно. Но, најважно е Килијан повторно да ја најде среќата со играње фудбал. Останатото ќе си дојде“.

„Имам повреда“, изјави Мбапе, но три дена подоцна заигра за Реал Мадрид.

Слични содржини