Актерка од „Gossip Girl“ мистериозно исчезна, семејството го обвинува нејзиниот сопруг

од Nikola Popovski
84 прегледи

Семејството на 36-годишната Шанел Маја Бенкс е во потрага по актерката откако таа мистериозно исчезна пред две недели во Лос Анџелес. Сопругот наводно не сака да соработува со полицијата.

Шанел Маја Бенкс ja играше Соер Бенет во третата сезона на популарната серија „Gossip Girl“, како и во филмовите како „Blue Bloods“ и „Twelve“. Најблиските до неа, вклучително и нејзината мајка Џуди Синг и братучетката Даниела-Тори Синг, полетаа во Јужна Калифорнија за да помогнат во потрагата. Последен пат се слушнала со Даниела на 30 октомври.

„Пет дена без да се слушнам со мојата братучетка е аларм. Никогаш не поминале повеќе од 45 часа без таа да разговара со мене или нејзината мајка. Таа ми е како голема сестра“, изјавила Даниела за „ABC7 News“.

Семејството почнало поставува плакати низ населбата на актерката за некој да знае каде се наоѓа. Во станот на актерката во Плаја Виста, каде што живеела со сопругот, пронашле дел од нејзините лични предмети, вклучувајќи го и нејзиниот автомобил и нејзиниот миленик (без кој никогаш никаде не отишла), но и недостасувале лаптопот и мобилниот телефон.

„Тој човек не е подготвен да и помогне на полицијата. Тој не е подготвен да ми помогне мене или нејзината мајка да ја најдеме. Тој дури ги отстранува флаерите за нејзиното исчезнување од бандерите и автомобилите. Тој тврди дека не знае каде е и рече дека не ја видел или слушнал од 7 ноември, но никогаш не се јавил во полиција за да ја пријави како исчезната“, рекла Даниела. Таа исто така додала дека Шанел неодамна се откажала од својата актерска кариера за да се фокусира на пишувањето.

Семејството исто така отворила и профил на „GoFundMe“ за да собере средства потребни за истрагата. Сакаат да ангажираат приватен истражител.

Слични содржини