ДПМНЕ нека си ја контролира нервозата, СДСМ ќе продолжи да ги изнесува аргументите, велат од „Бихаќка“ за вчерашната кавга за предлог-буџетот

од Nikola Popovski
81 прегледи

СДСМ смета дека има нервоза кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што, како што велат, владеачката партија нема аргументи и не може да го одбрани предложениот Буџет за 2025 година. Партијата на Венко Филипче тврди дека предлог-Буџетот е „расипнички и гломазен, не нуди развој на економијата ниту покачување на платите“.

-Мицкоски најавува гасна когенеративна централа за да се намали загадувањето а во Буџетот нема пари за тоа.
Власта е фатена и како прекршува Закон, Буџетскиот дефицит е поставен на 4% од БДП, што директно го нарушува Законот за буџетите. Фискалната политика на власта води кон уништување на финансиската стабилност на земјата.

ДПМНЕ нека си ја контролира нервозата, СДСМ ќе продолжи да ги изнесува аргументите во јавноста и во Собраниет и да се спротивставува на погрешните политики, стои во партиското соопштение.

Ваквата реакција следува откако вчера беше објавено видео во кое на матичната Комисија за финансирање и буџет за влакно беше избегнат поголем инцидент, додека збор имаше пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи.

„Те молам уште еднаш немој да го употребиш тој збор. Уште еднаш немој да го употребиш. Прв и последен пат“, рече Битиќу по што ја прекина репликата и видно револтиран се упати кон пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски. Набрзо станаа уште неколку пратеници и спречија кавгата меѓу двајцата колеги од Собранието да прерасне во нешто поголемо.

Вчера Почна расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Министерката за финансии во обраќањето пред пратениците рече дека буџетот се базира на реални макроекономски и фискални проекции и ќе обезбеди непречено функционирање на институциите и навремено исплаќање на платите и пензиите.

Додека власта ветува развој, опозицијата критикува дека се бара алиби за нови задолжувања. Поднесени се повеќе од 300 амандмани.

Приходите се планирани на 6 милијадри евра, или за 13% повеќе од годинава. Расходите се 6,5 милијарди евра, или за 10% повеќе. Дефицитот од близу 700 милиони евра ќе се покрива со заеми. Економскиот раст е проектиран на ниво од 3,7%. Буџетскиот дефицит на 4% од БДП. А инфлацијата на 2,2%.

Слични содржини