Ставен во функција новиот топловод под мостот „Беласица“

од Nikola Popovski
16 прегледи

Новиот топловод под мостот Беласица од ноќеска целосно е ставен во функција, обезбедувајќи стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија, изјави Петар Милетиќ, директор на ЕСМ-Дистрибуција на топлина.

Според него, поставувањето на новите топловодни цевки беше завршено во рекордно краток период од помалку од два месеци, благодарение на високата ефикасност и посветеноста на тимовите на АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина.

-Иако првично беше предвидено привремено прилагодување на квалитетот на испораката за мал дел од корисниците за време на финалните активности, ефикасната координација и професионалноста на екипите овозможија поврзувањето на новиот топловод со постоечкиот систем за дистрибуција на топлинска енергија да помине без никакви прекини или отстапки во квалитетот на испораката. Задоволен сум што со тимска работа и вложување на натчовечки напори успеавме да го завршиме зафатот за 40 дена и овој капацитет веднаш да го ставиме во целосна функција, информира директорот на ЕСМ.

Минатата година на 20 октомври ЕСМ исто така соопшти дека е започнато поставувањето на нови цевки. Тогаш исто така најави оти објектот бил саниран и дека успешно биле отстранети старите оштетени цевки.

Големиот пожарот на мостот „Беласица“, кој е една од клучните сообраќајници преку реката Вардар, се случи на 12 мај минатата година. Мостот беше веднаш затворен додека не се истражи – дали е безбеден и ако не што треба да се направи за да се поправи.

Слични содржини