Скопјанец го боделе со нож и го тепале поради недоразбирање во сообраќајот

од Milan1
53 прегледи

СВР Скопје поднесе кривична против Е.А.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против Е.И.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“.

– На 12.03.2024 во Скопје, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, второпријавениот со тврд предмет му нанел повреда на Ф.К., додека првопријавениот со нож му нанел повеќе убодни рани, од кои се здобил со тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Слични содржини