„Газпром“ овој викенд ја прекинува испораката на природен гас за Австрија

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Руската државна компанија за природен гас „Газром“ ќе го прекине снабдувањето на австриската ОМВ рано во сабота, изјави во петокот австрискиот канцелар Карл Нехамер, додавајќи дека подземното складиште за гас во неговата земја е полно и дека имаат алтернативни резерви.

Прекинот уследи по најавата на ОМВ дека ќе престане да плаќа гас на австриската филијала на „Газром“ за да се компензира за арбитражната одлука од 230 милиони евра што ја доби поради претходниот прекин на испораките на гас, пишува АА.

Канцеларот Карл Нехамер рече дека Австрија има сигурни резерви на алтернативни горива и дека „никој нема да смрзне“.

„Нашите складишта за гас се полни и имаме доволно капацитет да добиеме гас од другите региони“, рече Нехамер.

Претставниците на ОМВ и „Газром“ не соопштија ништо во однос на темата.

Слични содржини