Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена (64) одржа спектакуларен концерт во рамките на турнејата „Imam pesmu da vam pevam“ во салата Мејдан во родната Тузла. Таа ги отпеа своите големи хитови кои на многумина им се познати низ регионот, а за време на изведбата на „Ja nemam drugi dom“ пејачката ја совладаа емоции.
Многумина на социјалните мрежи велат дека концертот во нејзиниот роден град и спомените од детството биле причина за емоциите на Брена.
@alisadzambic Koncert Lepe Brene u Tuzli ❤️❤️ 16.11.2024 #emotional ♬ original sound – alice in wonderland🍀🪴🌱🪻
Брена пукна во солзи и неколку минути не можеше да се смири. Таа ронеше солзи, а потоа го покри лицето со раката. Во еден момент придружничката на Брена и пријде и и подаде марамче.
Ги бришеше солзите, правеше вежби за дишење за да се смири, а салата одекнуваше „Брена, Брена“ и „Брена, те сакаме“.
Пејачката била трогната од ова, па повторно почнала да плаче, а во еден момент и дошол член од нејзиниот тим кој носел шише со вода за регионалната музичка дива.
Брена по неколку минути се смирила и храбро го извела концертот до крај. Српските медиуми пишуваат дека брзата помош цело време била на готовс.