Предупредување од Синер: Сè уште не сум го достигнал максимумот

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Како што започна 2024 година, Јаник Синер така ја заврши. Голем триумф. Во јануари славеше на Австралија опен, во ноември со убедлива победа на завршниот Мастерс. Следната недела има и Дејвис куп, но сепак тоа е поинакво натпреварување. Во Малага играат репрезентации, нема се да зависи од него бидејќи и другите се прашуваат.

А потоа на прес-конференцијата по церемонијата на првенството, тој упати предупредување до сите:

– Се уште мислам дека имам простор за напредок, дека не сум го достигнал максимумот. Сервирав одлично во финалето, но тоа не беше случај во текот на целиот турнир. Сè уште има некои удари во мојата игра на кои можам да работам, иако тоа се мали детали. Но, колку повеќе се приближувате до максималното ниво, толку поважни се деталите, толку повеќе тие прават разлика, изјави тој.

Во Торино не загуби ниту меч, ниту сет.

– Цела оваа недела одлично ја чувствував топката, сè, дури и на тренинзите, беше многу лесно. Поддршката од трибините беше неверојатна, ќе видиме како ќе биде следната година, никој не може да ја предвиди иднината.

Од први јануари започнува друга приказна. Сега треба да ги одбрани сите тие поени.

– Ќе се соочам исто како и оваа година: ќе останам смирен, ќе имам добра врска со мојот тим, ќе пристапам на се сериозно, но ќе бидам опуштен. Ќе ми треба добар баланс.

Свесен е дека во 2025 година ќе дојде на многу турнири како шампион, што носи голем притисок.

– Ќе видиме веќе во Мелбурн како ќе функционира. И јас не знам како ќе реагирам и како ќе играм. Она што е сигурно е дека ќе се подготвам на најдобар можен начин. Секогаш истакнувам дека тенисот е непредвидлив, никогаш не се знае што ќе се случи, но ќе бидам добро ако успеам психолошки да ставам се на свое место.

Во сезоната која заврши вчера, барем кога се турнирите во прашање, постигна многу. Освои два грен-слема (Мелбурн и Њујорк), завршниот турнир (Торино), три мастерси (Мајами, Синсинати и Шангај) и два серии 500 (Ротердам и Хале). Во оваа година освои осум пехари, а сега има вкупно 18. Во јуни стана прв во светот и веќе ја зголеми предноста пред второпласираниот Саша Зверев на речиси четири илјади бодови.

Со оглед на тоа што сите успеси ги постигна на тврди подлоги, дека е сепак многу послаб на земјена подлога и трева, јасно е каде може да бара подобрување во 2025 година.

– Немам цел за следната сезона. Прво сакам да го асимилирам сето ова. На почетокот на годината немав никакви желби, ниту да освојам Гренд слем ниту да бидам број 1. Тоа го сакам и во следната година. Да освојам се што можам, а што не можам ќе ми послужи како добра лекција. Мислам дека овој пристап ми помогна во текот на оваа сезона – објаснува Синер.

Едно е сигурно, тенисот доби голем шампион во Јаник Синер, а на него останува да покаже колку ќе трае.

Слични содржини