9
Американските економски експерти се крајно песимисти и стравуваат од зголемување на политичката нестабилност, како и од влошување на меѓународните економски односи, покажа истражувањето на минхенскиот институт за економски истражувања (ИФО).
Истражувачот на ИФО, Никлас Потрафке, рече дека политичката неизвесност претставува ризик за инвестициите и може да доведе до пад на економскиот раст.
„Американските економски експерти се многу песимисти веќе една година. Тие се многу позагрижени од експертите од другите земји дека нивната земја ќе стане политички понестабилна“, рече Потрафке.