Фудбалерот на Челси, Џејден Санчо се врати на тренинзите, откако ги пропушти претходните четири натпревари на својот клуб поради болест.
Челси на социјалната мрежа Х објави слика од Санчо од тренинг со опис „назад во базата“.
Санчо не беше во составот за натпреварите од Премиер лигата против Манчестер Јунајтед и Арсенал, осминафиналето на Лига купот против Њукасл и натпреварот од групната фаза на Конференциската лига против Ноа.
Санчо, кој е во Челси како позајмен од Манчестер Јунајтед, сигурно не можеше да настапи на натпреварот против својот матичен клуб поради правилата во Премиер лигата.
Менаџерот на „сините“, Енцо Мареска, рече дека Санчо исто така доживеал удар на тренинг во овој период.
Пред тој период, Санчо беше неискористена замена на дуелот од Конференциската лига против Панатинаикос и премиерлигашкиот натпревар против Њукасл.
Санчо (24) оваа сезона одигра пет натпревари за Челси.
Тој дојде во Манчестер Јунајтед од Борусија Дортмунд во 2021 година за наводна сума од 85 милиони евра.