Oфицијално: Виеира нов тренер на Џенова

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Италијанска Џенова го потврди назначувањето на поранешниот француски репрезентативец Патрик Виеира за нов тренер.

Виеира ќе го води тимот на првиот тренинг попладнево.

Французинот го замени Алберто Џилардино, кој вчера доби отказ поради лошите резултати.

Виеира ќе дебитира на чело на Џенова викендов во клучниот натпревар против ривалот за испаѓање Каљари.

Патрик Виера беше тренер на Кристал Палас во Премиер лигата, Ница и Стразбур во француската Лига 1.

Виеира има искуство во Серија А, играјќи за Милан, Јувентус и Интер. Тој забележа 100 настапи во првата лига на Италија и постигна 11 гола.

Слични содржини