11 лица уапсени поради трагедијата на железничката во Нови Сад, им се заканува затворска казна до 12 години

од Nikola Popovski
54 прегледи

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад денеска соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога 15 лица загинаа, а двајца беа тешко повредени при пад на настрешницата на железничката станица во тој град.

„По подигнувањето и деталната анализа на сета потребна документација, разговори со поголем број граѓани, како и по извршеното вештачење за утврдување на причината и околностите под кои паднала, кое е доставено до обвинителството на 20.11.2024 година и запознавање со наодите и мислењето на стручни лица од градежната струка, по налог на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, на 21.11.2024 година, приведени се вкупно единаесет лица. Осомничените Ј.Т., Ѓ.В., А.Д. и Н.Ш. се лишени од слобода поради „сторено кривично дело Тешко кривично дело против општата сигурност од член 288 ст.2 од Кривичниот законик и Предизвикување општа опасност од член 278 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението.

„Осомничените С.Н, М.Ј, Љ.М.М, М.С, Д.Ј, М.Г. и Д.Т. сториле кривично дело Тешко кривично дело против општата сигурност од член 288 став 2 од Кривичниот законик и Неправилно извршување градежни работи од член 281 став 1 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението.

-За наведените кривични дела е пропишана казна затвор од 2 до 12 години, се додава во соопштението од тамошното Обвинителство.

Слични содржини