Македонски државјанин уапсен за шверц на ампули во Србија

од Nikola Popovski
208 прегледи

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи и Управата за криминалистичка полиција во соработка со Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство Ниш уапсииле Н.А.(41), државјанин на Македонија, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење“.

При контрола на граничниот премин Прешево, на влез во Србија, во автомобилот „ауди кју8“ во кој се наоѓал пријавениот, во багажникот меѓу лични предмети била пронајдена поголема количина ампули од медицински препарат.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде спроведен до надлежното обвинителство.

Слични содржини