Како е можно исламски свештеник сомнителен за регрутирање борци да држи проповед во театар во Тетово, праша Петровска

од Nikola Popovski
185 прегледи

Поранешната министерка за одбрана и актуелната пратеничка, Славјанка Петровска упати критики кон новото раководство на АНБ, бидејќи како што вели е направен голем безбедносен пропуст. Петровска синоќа во емисијата „Вин-вин“ за првпат во јавноста го постави прашањето „како е можно исламски свештеник на кого во април 2023 година му бил забранет влез во Република Северна Македонија, минатиот петок да држи проповед во театар во Тетово“.

-Има сомневања дека е дел од групата која регрутира млади припадници кои треба да бидат испраќани на бојните полиња во Сирија и Ирак. Тој кој што пред само една година, бил спречен да влезе затоа што АНБ му ја осуетила намерата, минатиот петок во театар во Тетово држеше проповед пред поголема група, меѓу кои имаше и малолетни деца. Ова не е работа на социјалните мрежи, туку работа на АНБ, истакна Петровска, додавајќи дека „АНБ го пропуштила да влезе“.

-Дали ако ја тргнале опасноста, значи дека тој веќе не е опасен во таа смисла и дали знаат што прават? Нека одговарат, ако треба и писмено, побара екс-министерката.

Според неа, тоа е една од причините зошто новиот директор на АНБ, Бојан Христовски нема интегритет за главната позиција на една од клучните безбедносни институции во земјава.

Слични содржини