80
Меѓународниот аеродром Скопје објави дека дека нов гостин на аеродромот ќе биде кучето Дино. Кучето по раса златен ретривер е одбрано да биде терапевтско куче, кое ќе има за цел да ги смирува патниците.
Кучето е специјално дресирано. Од аеродромот информираат дека додека чекате да се качите на својот лет, можете да го погалите и да си поиграте со него.
-Патувањето може да биде стресно и токму затоа се потрудивме да го направиме вашето патување порелаксирано. Дино ќе биде присутен на излезите (гејтовите) и со него ќе имате можност да се забавувате и опуштите пред вашиот лет. Оваа иницијатива на ТАВ Македонија е со цел создавање пријатна атмосфера на аеродромот и подобрување на искуството на патниците, стои во објавата на аеродром „Скопје“.