(ФОТО) Во косовско село запленето Ламбурџини, го управувало дете

од Milan1
93 прегледи

Во селото Жур, општина Призрен, запленето е возило „Ламборџини“, соопшти косовската полиција. Овој автомобил, велат, го управувалo единаесетгодишно дете, додека неговиот татко бил на совозачкото седиште.

Случајот се случил вчера, кога при патрола во ова село, службеници на КП наишле на возило без регистарски таблички.

Според полицијата, зад воланот бил малолетник, односно единаесетгодишно момче, додека на совозачкото седиште бил неговиот татко.

„Возилото со кое управувал малолетникот е модел „Ламборџини“, без регистарски таблички, а сопственикот на возилото не можел да обезбеди документи со кои се потврдува сопственоста на возилото“, велат од полицијата.

Се наведува дека на родителот на момчето му е изречена парична казна, додека возилото е одземено и пренесено во Полициската станица во Призрен.

Слични содржини