21
Русија е „исклучително агресивна и непромислена во сајбер-сферата“ и никој не треба да ја потценува заканата за НАТО, ќе предупреди британскиот министер Пет Мекфеден, чие портфолио ја опфаќа националната безбедност, во говор во понеделник, според извадоци од неговото обраќање, што денеска ги објави неговото министерство.
Мекфеден на конференцијата на НАТО за сајбер безбедност во Лондон ќе каже дека Москва „нема два пати да размислува за нападите врз британските компании“, се вели во извадоци, пренесе „Гардијан“.
Тој ќе каже и дека „неофицијалните хактивисти“, кои не се казнети од Кремљ, вршат „сè почести, а во некои случаи и сè пософистицирани“ напади низ светот.