Петтиот пораз во низа донесе еден куп анти-рекорди за Сити и Гвардиола

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Болниот пораз на Манчестер Сити на домашен терен од Тотенхем со 0-4 донесе голем број негативни достигнувања и за клубот и за неговиот менаџер Пеп Гвардиола.

За прв пат во целата своја тренерска кариера, познатиот шпански стручњак дозволи пет последователни порази на сите турнири. Претходните четири порази беа токму од Тотенхем, како и Борнмаут и Брајтон сите со 1:2 на гости, како и еден со 1:4 од Спортинг во Лисабон. Покрај тоа, за прв пат од март 1956 година, актуелен англиски шампион загуби пет меча по ред. Тогаш истиот анти-рекорд го забележа и Челси.

Вчерашниот тежок пораз, исто така, стави крај на клупската рекордна серија на Сити од 52 натпревари без пораз на домашен терен во сите натпреварувања. Веќе во 20. минута „граѓаните“ заостануваа со 0:2, а тоа на „Етихад“ не му се случило на премиерлигашки меч од декември 2010 година, кога Евертон водеше со истиот резултат до 19. минута.

Последно, но не и најмалку важно, ова е прв пат Гвардиола да загуби домашен првенствен натпревар со најмалку четири гола разлика како менаџер.

Слични содржини