28
Во главниот град на Литванија, Вилнус, товарен авион синоќа околу 10:30 часот удрил во станбена зграда. Во таа прилика едно лице загина, а тројца се повредени, а 12 лица се евакуирани од станбената зграда.
Еден пилот бил изваден од авионот откако се освестил, додека другиот починал на лице место.
Според официјални лица, во моментов се трага по едно лице.
„Гори двокатна станбена зграда“, изјавија официјални извори за ЛРТ.
Аеродромот во Вилнус не е затворен, но авионите чекаат полетување на платформата.