Дел Пјеро на чело на Италијанската фудбалска федерација?

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Алесандро Дел Пјеро размислува да стане кандидат за претседател на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).

Поранешниот напаѓач на Италија и Јувентус се подготвува да се кандидира на изборите закажани за 3 февруари 2025 година, пишува новинарот Николо Шира.

Од октомври 2018 г функцијата ја држи Габриеле Гравина. Сепак, постои огромно незадоволство од неговото владеење, а меѓу лидерите на опозицијата е и претседателот на Лацио – Клаудио Лотито.

Слични содржини