Русија ќе ги тргне Талибанците од листата на терористи

од Nikola Popovski
23 прегледи

Русија наскоро ќе ги отстрани Талибанците од својата листа на терористи, соопшти талибанската влада на Авганистан, цитирајќи ги зборовите на гостинот во Кабул, Сергеј Шојгу, поранешен министер за одбрана на Русија, сега секретар на Советот за безбедност.

Шојгу разговарал за „зајакнување на политичките односи и економската соработка и начините за зголемување на трговијата и руските инвестиции во Авганистан“ со неколку авганистански министри од редовите на Талибанците, се наведува во соопштението на талибанските власти.

Посетите на високи странски претставници на Авганистан се ретки бидејќи ниту една земја во светот не ја признала талибанската влада, на власт од август 2021 година.

Кога 145 луѓе беа убиени во концертна сала во Москва во март во напад на членовите на Исламската држава во Хорасан (ИД-К), регионален огранок на џихадистичката група присутна во Авганистан, руските власти рекоа дека сакаат да ги отстранат владеачките Талибанци од нивната листа на терористи.

„Талибанците секако се наши сојузници во борбата против тероризмот“, изјави во јули вршителот на должноста во руската амбасада во Авганистан, Дмитри Жирнов и додаде дека талибанците „работат на елиминирање на терористичките групи“.

Слични содржини