осегашната потпретседателка на СДСМ, Сања Лукаревска, попладнево ѝ ја предаде функцијата на новата заменик-претседателка Фани Каранфилова Пановска.
„Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари. Им благодарам за сета поддршка, за трпението, за соработката и за сите критики кои знам дека беа добронамерни. Поминавме низ бројни премрежја, доживеавме и победи и порази, заедно научивме скапоцени животни лекции. И пак велиме: Ние сме СДСМ. Зашто наше мото се зборовите: „битките не се добиваат со евакуација“. Тука сме, обединети и посилни, поразени на избори но не и победени“, напиша Лукаревска на Фејсбук.
„На Фани, од сè срце, и посакувам успех во зацврстувањето на нашите заеднички социјалдемократски вредности. Безрезервно ја уверувам дека во мене веќе го има најискрениот соработник“, додава Лукаревска.