Македонски концепт бара поддршка од стручната јавност и претприемачите за балансиран буџет

од Nikola Popovski
20 прегледи

Потребата од одговорното управување со јавните финансии, стои највисоко во нашите политики, за што како политичка партија Македонски Концепт бараме поддршка од стручната јавност и претриемачите за конечно донесување на балансиран буџет во Република Македонија. Тоа значи намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, со цел да избегнеме прекумерно задолжување, соопштија од партијата на Петар Богојески.

Македонски концепт информира дека поддржува политики за рационализација на трошоците, строго управување со јавните средства и минимизирање на непотребните или неефикасни трошоци.

-Одржување на ниски даноци за да се поттикне економската активност, балансирање на приходите преку проширување на даночната основа и легализација на сивата и делови од црната економија.

Доколку ја немаме вашата поддршка, ние не сме во можност да спроведуваме политики кон обезбедување на долгорочна економска стабилност и одржливост на јавните финансии. Особено не ќе можеме да го ограничиме владиното вмешување во економијата и ставање на акцент на вас претриемначите, со цел приватниот сектор да стане двигател на растот. Само со заедничко дејствување, можеме да постигнеме зголемена отчетност и транспарентност во управувањето со јавните ресурси, за да ја спречиме корупција и злоупотребите на владините функционери.

Оваа филозофија на соработка помеѓу политичката партија и претриемачите е особено важна за Македонија како земја која се соочуваат со фискални предизвици, со цел да обезбедиме економска стабилност и доверба кај граѓаните и инвеститорите. Вие сте на потег. Ние стоиме на ваше располагање, стои во партиското соопштение.

По амадманската расправа како Дополнет предлог буџет се враќа во Владата на финално одобрување по што согласно законските рокови, треба да биде изгласан во Собранието до крајот на оваа календарска година.

Вкупните приходи во Предлог-буџетот се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиoни денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП.

Инфлацијата се очекува да се намали на ниво од 2,2 проценти, како резултат на стабилизирањето на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите на меѓународниот пазар, забавувањето на странската ефективна инфлација, како и поумерениот притисок од базичната инфлација.

Извозот се очекува да има раст од 4,2 проценти, а увозот од 4,4 проценти како резултат на очекувањата за постепено стабилизирање на меѓународното опкружување и зголемувањето на надворешната побарувачка.

Слични содржини