62
Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам ги покажа своите фотографии од теретана. Вежбаше во шорцеви и без маица. Фотографијата ја направи неговата сопруга Викторија која му правеше друштво во теретана.
„Вежбање за добро утро со мојата сопруга“, напишал тој до фотографијата.
Глетката ги воодушеви неговите обожаватели.
„Најдобар начин да се започне денот“, „Викторија е многу среќна жена“, „Ти благодарам Викторија“, „Викторија, продолжи да го фотографираш, ние го сакаме тоа“, „Одлична фотографија Викторија“, Во име на сите жени, благодарам Викторија“, се дел од коментарите.
Дејвид неодамна сподели како се опушта по напорната недела. Тој објави фотографија од сауна, на која позира во боксерки и со крпа околу вратот. „Ресетирање во петок“, напиша тој.