Бериша го обвини Сорос дека се обидел да ја уништи албанската опозиција

од Nikola Popovski
44 прегледи

Поранешниот претседател на Албанија и лидер на Демократската партија, Саљи Бериша, по укинувањето на куќниот притвор изјави дека вистината, законот и Уставот победиле и дека пропаднал обидот на премиерот на Албанија, Еди Рама и еден од светски најистакнатите филантропи,Џорџ Сорос, да ја уништат албанската опозиција.

„Денес е денот кога чудовиштата на демократијата, Еди Рама и Џорџ Сорос, конечно пропаднаа. Не успеаа во обидот да ја уништат албанската опозиција во пучот што го извршија против неа. Денеска триумфираше и беше наградена жртвата од 330 дена и борбата од три години. Застанавме во одбрана на вистината и вредностите во кои веруваме. Албанија одамна не видела толку добар ден“, им порачал Бериша на приврзаниците собрани пред неговата куќа.

По одлуката на Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал со кој на Бериша му беше укинат куќниот притвор, прославата на неговите приврзаници започна во седиштето на Демократската партија во главниот град на Албанија.

Бериша беше уапсен на 30 декември минатата година.

Слични содржини