55
Украина треба да размисли за намалување на старосната граница за воена служба од 25 на 18 години, изјави денеска висок функционер на американската администрација.
Официјалниот претставник изјави за новинарите дека Украина не обучила и мобилизирала доволно нови војници за да се борат против руските сили, објави „Ројтерс“.
Тој посочи дека на Украина и се потребни борбени сили бидејќи Русите постојано напредуваат на истокот на Украина, како и во областа Курск во Русија.
Официјалниот претставник изјави дека мобилизацијата во Украина и повеќе сили на фронтот би можеле да направат значителна промена на бојното поле во споредба со сегашната ситуација.
Во моментов старосната граница за регрутирање во Украина е 25 години, пренесува „Танјуг“.