Георгиевски: Македонија не работи под бугарски туку српски диктат

од Nikola Popovski
158 прегледи

„Во Македонија има прекин на евроатлантскиот процес. Земјата нагло се отвора кон т.н. „Српски свет“. Ова утрово го изјавил претседателот на ВМРО-Народна и екс-премиер, Љубчо Георгиевски во интервју за бугарската „БТВ“.

Според него, „ни во времето на комунистичка Југославија немало такво отворање кон Србија“.

„Нема да има опасност за Македонија да го смени Уставот и да ги внесе Бугарите во него. Со сите овие агресивни муабети како претставниците на македонската влада да сакаат да се докажат пред некој друг“, истакнал Георгиевски.

Тој ги коментирал и неговите сомнежи дека „во земјава има српски диктат“.

„Оваа приказна за бугарскиот диктат ја слушаме веќе 2 години и откако ВМРО-ДПМНЕ беа во опозиција. РС Македонија не работи под бугарски туку српски диктат. Имаме процес на сложено занемарување на македонската историја и правење заедничка историја со Србите“, рекол Георгиевски.

Според него, во последните 6 месеци комуникацијата со Европа може да се изброи на прсти, нагласил тој.

„Идејата сега е за измени на Уставот со одложено дејство. Имаме постојани изјави дека сите ги разбираат и не поддржуваат за оваа идеја. Но, нема ниту една изјава од европски политичар што ја поддржува оваа позиција. Загрижен сум дека ќе изгубиме уште 4 години, како што беше случајот со Груевски и спорот за името со Грција. Рекоа дека и тогаш сите не поддржуваат, но ние чекавме 11 години“, кажал екс-премиерот и поранешен претседател на сега владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини