Европските берзански индекси денеска се во пораст, златото поскапе со истовремен пад на нафтата и на пченицата, додека пазарите очекуваат во 14 часот да бидат објавени прелиминарните податоци за инфлацијата во Германија.
Индексот DAX на Франкфуртската берза во 9:30 часот порасна на 19.369,25 поени, британскиот FTSE 100 на 8.288,75 поени, францускиот CAC 40 на 7.182,54 поени, а московскиот MOEX на 2.554,79 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 44.722,06 поени, индексот S&P 500 на 5.998,70 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 19.060,48 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 68.289 долари, а на нафтата од типот брент на 72.438 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 46,8 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.637,68 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,3775 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,05390, што е за 0,25 отсто помалку од средата.