БЕЛИНГЕМ ПО ФИЈАСКОТО НА „ЕНФИЛД“: Не е срамно да загубиш од Ливерпул

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем изјави дека не е срамота да се загуби од Ливерпул и дека англискиот тим повеќе сакал да победи во петтото коло од Лигата на шампионите.

Актуелниот шампион Реал синоќа на „Енфилд“ загуби од Ливерпул со 0:2, со головите на Алексис Мекалистер и Коди Гакпо. Ливерпул е единствениот тим кој ги освои сите пет мечеви во Лигата на шампионите оваа сезона и ја постигна првата победа против Реал по 15 години.

„Тие ја сакаа победата повеќе од нас, да бидам искрен. Ова е лош резултат против тимот кој игра најдобро во Европа. Не е срамота да дојдеш овде и да загубиш, но ние сме разочарани од начинот на кој игравме”, изјави Белингам, објави „Скај“.

„Тие ја контролираа играта од првата минута. Не успеавме да го искористиме поседот на топката. Кога успеавме да ја добиеме топката, премногу пати се обидувавме да одиме на контранапад. Тие не држеа во дефанзива, па не можевме да им наштети“, додаде Англичанецот.

Двата тима промашија пенали, Мохамед Салах од Ливерпул и Килијан Мбапе од Реал. Францускиот фудбалер имаше само два удари кон голот, од кои едниот беше пенал, а Белингем го поддржа.

„Има голем притисок врз него затоа што е толку добар, голем притисок. Пеналот не е причината поради која загубивме. Како тим не бевме доволно добри. Тие играа подобро од нас, едноставно е. Килијан може да оди со крената глава, со сигурност знам дека тоа ќе му донесе многу големи работи на овој клуб“, изјави Белингем.

Шампионот во Лигата на шампионите Реал по пет кола освои шест бода и се наоѓа на 24. место.

Слични содржини