Путин повторно за моќната руска ракета: Нема пандан на „Орешник“ и нема да се појави наскоро

од Vladimir Zorba
48 прегледи

Нема пандан на „Орешник“ во светот и нема да се појави наскоро, изјави рускиот претседател Владимир Путин на седницата на Советот за колективна безбедност на ОДКБ во Астана.

Путин истакна дека Русија била принудена да го користи „Орешник“ како одговор на непријателските дејствија, а одлуката на западните земји да и дозволат на Украина да ја нападне руската територија со ракети со долг дострел претставува нивно директно учество во конфликтот, пренесе RT Balkan.

„Руската Федерација произведува 10 пати повеќе ракети од сите земји на НАТО заедно и ќе го зголеми производството за една четвртина“, рече Путин.

Слични содржини