Мицкоски жали за „грешката“ со Арсовска: Ја плативме политичката цена

од Nikola Popovski
103 прегледи

Парите за новите автобуси нема да ги видите во овој Буџет затоа што ќе бидат купени, а обврските ќе почнат да доспеваат некаде февруари-март 2028. Во тој буџет ќе ги видите. Дотогаш нема да ги видите, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието. Тој беше запрашан од пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска каде се 100-те автобуси кои беа најавувани уште од почетокот на мандатот на градоначалничката Данела Арсовска.

-Условот за да влеземе во процесот е да има најмалку период од три години грејс период. Можеме да си дозволиме како влада 120 автобуси кои најголем дел ќе бидат за Скопје, но ќе добијат и Тетово, Штип, Куманово…, додаде Мицкоски.

Премиерот истакна дека во 2022 година воделе разговори за нови автобуси и тоа и го презентирале на градоначалничката и дека не било договор во четири очи.

-Требаше да биде транспарентна постапка, но тоа што се случи, понатаму се случи и ние ја плативме политичката цена. Јас политички ја платив цената и јавно реков дека жалам и згрешив. Набрзо од денеска ќе ја поправиме грешката и ќе испорачаме заедно со Владата, кажа Мицкоски.

Според него, тендерот за најавените автобуси треба да биде распишан до крајот на годината.

Инаку, Арсовска стана градоначалничка на Скопје како независна кандидатка која беше јавно поддржана токму од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ гласаа токму за Данела Арсовска.

Слични содржини