Дваесет и двегодишниот јутјубер, Сторм де Бул почина од студ во снежна бура во Шведска.
Момчето кое трагично загинало на пошироката јавност ѝ бил познат по својот канал на Јутјуб каде ги објави своите неверојатни искуства од шумата во која често престојувал.
Инфлуенсерот бил пронајден мртов во регионот на Лапонија на 30 октомври. Како што открила неговата мајка за медиумите, неговите нозе биле замрзнати и се здобил со сериозни повреди кога му бил скршен носот, најверојатно при пад, пренесува грчка „Protothema“.
– Сигурно долго страдал и починал. Размислувам за неговите последни моменти и тоа ме крши, изјавила неговата мајка.
Наводно, младото момче неколку часа пред смртта и испратил порака на својата баба дека таму каде што е врне снег и дека не треба да се грижи бидејќи ќе „преживее“.
Јутјуберот наводно повикал помош и апелирал до надлежните да му помогнат бидејќи е повреден, но лошите временски услови ги спречиле спасувачките екипи да дојдат до него и да го спасат.
Кога го пронашле, Сторм бил далеку од шаторот и неговата торба била речиси празна бидејќи внатре имало само четка за заби и вреќа за спиење.