11
Капитенот на Челси, Рис Џејмс ќе биде надвор од теренот околу еден месец и најверојатно нема да се врати пред Нова година, пишува Дејли Телеграф.
Пред неколку дена стана јасно дека дефанзивецот заработи нова повреда, а повторно се работи на истегнување. Тој веќе беше подложен на опсежни прегледи кои покажаа дека ќе му требаат уште најмалку четири недели за целосно закрепнување.
Џејмс во сезоната влезе со повреда, а потоа беше суспендиран на три натпревари, поради што досега оваа кампања има само четири настапи.
„Мислам дека во неговиот случај најдобро е да не се зборува многу. Колку повеќе се коментира, толку повеќе се зголемува притисокот врз него“, изјави менаџерот на Челси, Енцо Мареска на оваа тема.