Се огласија од кабинетот на Зеленски: Нема да регрутираме 18-годишни момчиња

од Nikola Popovski
44 прегледи

Дмитро Литвин, советник за комуникации на претседателот на Украина, одговори на повиците на САД за намалување на старосната граница за мобилизација, истакнувајќи дека ветеното оружје не било доставено на време.

Со оглед на недостигот на луѓе на првите линии на одбраната во источните делови на Украина, според украинските медиуми, наводно од САД пристигнал предлог за регрутирање на 18-годишни млади луѓе.

Дмитро Литвин, советник за комуникации на Зеленски, одговорил на овој предлог, наведувајќи дека регрутирањето на млади луѓе не може да го компензира доцнењето во испораката на ветеното оружје во Украина.

– Нема смисла да се гледаат повиците за Украина да ја намали старосната граница за мобилизација, веројатно со цел да регрутира повеќе луѓе, кога ќе видиме дека претходно објавената опрема не пристигнува на време. Поради овие доцнења, на Украина и недостасува оружје за опремување на веќе мобилизираните војници, истакнал Литвин.

Тој додал дека партнерите имаат целосен пристап до податоците и можат да ги споредат ветувањата со реалните испораки.

– Не може да се очекува од Украина да компензира за доцнење во логистиката или двоумење во поддршката на младите на нашиот народ на првата линија – заклучил Литвин.

Слични содржини