Улогата на оперската дива Марија Калас за Анџелина Џоли беше можеби најтешката досега снимена. Овој пат не и требаше физичка подготвеност колку смиреност, но и учење да дише правилно, што само малкумина го знаат. Како што кажа и самата, ни најмалку не очекувала дека ќе ги погоди апсолутно сите ноти, но и дека „ќе извлече работи од себе за кои не ни знаела дека постојат во неа“.
„На сите ни е тешко да разбереме каде во нашето тело, во текот на животот полн со различни искуства, се чуваат работите и каде ги чуваме за да се заштитиме. Ги чуваме во стомакот. Во градите. Дишеме од друго место кога сме нервозни или тажни“, се присети Анџелина Џоли на почетоците на снимањето и на сето она со кое се соочила:
„Првите неколку недели беа најтешки бидејќи моето тело мораше да се отвори и морав повторно да научам да дишам“.
Во филмот на Пабло Ларејн „Марија“, кој Нетфликс прво го објави во кината ширум светот, а потоа ќе пристигне на стриминг за американскиот пазар на 11 декември, Анџелина Џоли даде сè и многумина се согласуваат дека тоа е изведба на нејзината кариера.
Во последниве години, додека воспитувањето на нејзините шест деца и беше приоритет, таа ја остави глумата на страна, фокусирајќи се на режијата. „Моите избори во последните неколку години беа она што беше финансиски паметно и одземаше помалку време. Работев многу малку во последните осум години, што ме остави малку исцрпена“.
Сега кога нејзините деца пораснаа, а близнаците наполнија 16 години, Анџелина е повторно во центарот на вниманието за прв пат по многу години, и тоа во голема мера, може да и донесе трета номинација за Оскар.
Работела на сетот и со двата најстари сина Медокс и Пакс, кои за прв пат ја виделе својата мајка на начин на кој досега немале можност да ја видат.
„Во животот ме виделе тажна, но не плачам пред моите деца“, изјави Џоли за емоциите што кај неа ги разбуди улогата на оперската дива Марија Калас.
„Тоа беше моментот кога сфатив дека тие ќе бидат со мене во овој процес на вистинско разбирање на длабочината на болката што ја носам во себе“.
Таа не прецизираше и не навлегуваше во детали за тоа какви болки има, но може да се заклучи дека тоа има многу врска со нејзиниот развод со Бред Пит.
Анџелина во едно од интервјуата откри колку стравот „за малку ќе ја изел“ и како се борела и го победила: „Најстрашното беше кога морав да пеам пред публиката за прв пат. Бев преплашена. Се тресев, одев наоколу и не знаев што правам. Почнав да паничам.
Моите синови работеа на филмот како помошници на режисерот, бевме во таа една мала соба, опкружени со луѓе на кои им верувам. Им реков: „Направете сè за да ја држите вратата затворена и да видите дали ќе ме слушнете во ходникот“. Бев во таков страв, но Пабло беше прекрасен и полека ја зголемуваше публиката. Почнавме со околу 15 луѓе во публика, потоа 50 и на крајот бевме на сцената во „Скала“ пред целата таа публика и беше лудо. Беше неверојатно искуство!“