73
Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, преку социјалната мрежа „Икс“ упати предлог за обединување на сите македонски партии, пред како што вели, „пред да биде доцна”.
„Мојот предлог е да се обединиме пред да биде доцна. ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛДП, НСДП, апсолутно сите. Не може да се дели и уништува македонското ткиво, да се угнетуваат струмичани и струмичанки додека во центарот на Скопје се гази македонската чест и достоинство. За жал струмичкото ВМРО-ДПМНЕ нема сенс за националните интереси и интересите на граѓаните”, стои во објавата на струмичкиот градоначалник Костадинов.