Ким: Употребата на оружје со долг дострел од Украина е резултат на директна воена интервенција на САД, Русија има право да преземе акција во самоодбрана

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун му рекол на рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов дека употребата на оружје со долг дострел од Украина е резултат на директна воена интервенција на САД и дека Русија има право да преземе акција во самоодбрана, објави денеска севернокорејската државна телевизија.

За време на денешната средба со Белоусов, Ким рече дека САД и Западот ги принудиле властите во Киев да ја нападнат руската територија со своето оружје со долг дострел и дека Русија треба да преземе акција за „непријателските сили да ја платат цената“, пренесе КЦНА, пренесе Ројтерс.

Ким вети дека ќе ги прошири врските со Русија во сите области, вклучително и воената сфера, како дел од сеопфатното стратешко партнерство што го потпиша со рускиот претседател Владимир Путин во јуни, кое вклучува договор за заемна одбрана, соопшти КЦНА.

Слични содржини