Мицкоски не гледа причина за лидерска средба, но вели дека ќе размисли

од Nikola Popovski
35 прегледи

Сакам да испратам порака на единство. Доста беше поделби. Сега кога конечно имаме и суфицит во Буџетот и конечно се реализираат проекти и се прават реформи, јас сум свесен дека сеништата од минатото ќе сакаат да не вратат во минатото. Нема дa дозволиме и отпорни сме на тоа. Повикувам на смиреност затоа што оваа е наша заедничка татковина, тука сме се родиле, радувале, тагувале и најверојатно најголем дел од нас тука ќе го завршиме заедничкиот живот, рече премиерот Христијан Мицкоски за завчерашните инциденти со сквернавењето на македонското знаме при прославата на Денот на албанското знаме.

Претседателот на Владата бара од граѓаните да не наседнуваат на ваков тип на провокации. За обвинувањата на опозицијата дека МВР потфрлило во справување со инцидентите, Мицкоски уште еднаш им честита на припадниците на полицијата и БЈБ за смирената и цивилизирана реакција. Вели дека не гледа логика во поднесувањето на интерпелација за министерот, Панче Тошковски.

-Во моментов не сум размислил (за лидерска средба), но, еве ќе размислам во деновите пред мене. Доколку има аргументи во таа насока, зошто да не, но, не гледам причина за такво нешто во моментов, рече премиерот при посетата на општина Јегуновце, запрашан за барањето на СДСМ за итна лидерска средба по повод последните случувања.

На денешната прес-конференција Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ, повика на лидерска средба како можност за обединување на сите политички субјекти со цел Македонија да остане стабилна и посветена на мирот, соживотот и почитувањето на различностите.

Слични содржини