Поранешната ѕвезда на Хари Потер, Руперт Гринт, добил налог да плати данок од 1,8 милиони фунти, откако ја загубил правната битка со HM Revenue and Customs (HMRC).
На Гринт, кој го играше Рон Визли во филмовите, првично му било кажано да ја плати сумата во 2019 година кога истрагата на „IRS“ оспори една од неговите даночни пријави.
Адвокатите на 36-годишникот поднесоа жалба, тврдејќи дека парите што ги добил од компанијата биле правилно оданочени како капитално средство, но од „HMRC“ соопштиле дека требало да се оданочуваат како приход со повисока стапка.
Сепак, судијата на даночниот суд го отфрлил аргументот на Гринт.
Од 2011 до 2012 година, Гринт добил 4,5 милиони фунти од компанијата што управувала со неговиот бизнис и во која тој бил единствен акционер.
Оваа исплата е опишана како „веројатен преостанат приход и бонуси“ кои произлегуваат од филмовите за Хари Потер.
Тој тврдел дека може да плаќа данок на капитална добивка по стапка од 10 отсто, наместо данок на доход и национално осигурување со највисока стапка од 52 отсто.
Во пресудата, судијката Хариет Морган ја отфрли жалбата на Гринт и рече дека парите „првенствено се добиени од активностите на Гринт“, кои „инаку се остварени“ како приход.
Тој претходно изгубил уште еден судски случај во 2019 година, кој бил над 1 милион фунти поврат на данок.
Гринт играше во сите осум филмови за Хари Потер од 2001 до 2011 година.