Веста дека Дени Мастерсон, односно познатиот Стивен Хајд од познатата серија „Среќни седумдесетти“, е осуден за две силувања, иако на секој начин се обидувал да ги замолчи жртвите со помош на Скиентолошката црква, стана главна тема на медиумите и затоа што еден од главните сведоци беше актерката Леа Ремини, најдобрата пријателка на Џенифер Лопез.
Таа и самата беше член на озлогласниот култ, а денес е еден од најголемите гласноговорници против скиентологијата и една од првите која откри детали кои постојано ја шокираа јавноста, како силување на малолетници, прикривање на злосторства и слично.
Меѓу другото, пред неколку години Ремини откри една строго чувана тајна, а тоа е дека таткото на нејзината најдобра пријателка е еден од старешините во култот.
– Претпоставувам дека сакаа да нè оддалечат за да ја вовлечат во скиентологијата, а јас можеби им се испречив на патот – објаснила Ремини, која за Лопез рекла дека ја видела природата на тој култ уште од првиот момент:
– Не ја спасив од ништо. Џенифер е многу решителна жена, посветена на духовноста. Таа е католик, отсекогаш била, иако нејзиниот татко е многу индоктриниран скиентолог и бил долго време. Тој ги достигна тајните нивоа на скиентологијата. Сепак, Џенифер сама ги носи одлуките.
Од моментот кога се дозна вистината за таткото на Џеј Ло, Дејвид Лопез, тој се помалку можеше да се види во јавноста, а по најновите вести целосно се повлекла, а ни на мрежите на пејачката не можете да најдете повеќе отколку неколку заеднички фотографии. Лопез во еден момент дури се обиде да го „разубави“ фактот дека нејзиниот татко е дел од скиентологијата и ја опишала оваа „религија“ на најпозитивен начин. „Ова се едни од најпрекрасните луѓе досега“, рекла таа, но никој не ѝ верувал.
Иако протекоа тајни за скиентологијата, Лопез молчела и за ставот дека таа црква е добра, а последен пат сподели фотографија со нејзиниот татко во 2021 година. Инаку, таткото и мајката на Џенифер Лопез се одамна разведени време, а Дејвид наводно има ново семејство, за кое не се знае ништо.
Џенифер поради се побегнала од дома, а како што вели денес имаат подобар однос отколку кога била дете. Од друга страна, Дејвид сето тоа тешко го поднел. Тивко и повлечено избегал во религиозните теми, а со тоа ја открил скиентологијата, а потоа вложил пари и се искачил по хиерархија, се додека не станал еден од свештениците, а потоа и главните старешини на црквата.