Рускиот претседател Владимир Путин сметаше на еднаков пристап во односите со Германија, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.
„Путин навистина сметаше на конструктивен, еднаков, взаемно корисен пристап во односите. Веруваше дека преку соработка е можно да се постигне стабилност, предвидливост и да се осигураме од такви геополитички ризици. Искрено веруваше во тоа и направи се за тоа“, изјавич Песков за телевизијата „Русија 1“, одговарајќи на прашањето дали Меркел се обидува да ја врати својата позиција во „минскиот формат“ за Украина преку нејзините мемоари.
„Очигледно, тоа не се совпаѓаше во целост со вистинското расположение во кое тогаш беше и самата Меркел“, додал претставникот на Кремљ.
Портпаролот истакнал дека авторитетот на поранешната германска канцеларка сè уште е меѓу водечките кај германските политичари.
„Очигледно, бидејќи таа сè уште е една од највлијателните фигури во политиката, иако веќе е во пензија, нејзиниот авторитет веројатно сè уште води меѓу германските политичари. Се разбира, нејзиниот збор вреди многу во ваква тешка ситуација. Затоа, се разбира, Германците веројатно ја слушаат и гледаат во неа“, истакнал Песков.
„Спротивно на тврдењата на поранешната германска канцеларка, Путин не се обиде да „демонстрира сила“ дури и кога последен пат пристигна на еден од состаноците за време на самитот на Групата осум (Г8) во 2007 година“, додал Песков.
Во своите мемоари, Меркел опишала како Путин еднаш доцнел на „аперитив“ за време на самитот на Г8 во Хајлигендам во 2007 година, наводно „поради пивото“, обидувајќи се да им „докаже нешто“ на другите лидери.